Дома Останати Кошарка НБА Дурант може да ја пропушти цела наредна сезона!?

Дурант може да ја пропушти цела наредна сезона!?

Кевин Дурант на паркетот во вчерашниот натпревар помина само 11 минути.

Ризично беше вчера Дурант да настапи сепак на крајот се појави на паркетот и од оваа гледна точка можеме да кажеме дека не донесе добра одлука.
Голден Стејт и покрај неговата повреда успеа да победи и да намали на 3:2 во серијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но, она што сигурно ги загрижува тешката повреда на Дурант.

Низ медиумите се пишува дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива и доколку навистина така не само што за него финалната серија е завршена тој би можел да ја пропушти цела идна сезона!

Додека се чекаат повеќе информации за повредата Дурант се огласи на неговиот Инстаграм профил.

„Нашите навивачи ќе бидат гласни во шестиот натпревар. Ме боли од дното на душата, но кога видов како моите браќа стигнуваат до победата беше како да се напив текила, добив нов живот“, напиша Дурант.

Ќе биде навистина голем шок и тежок удар за Дурант ако треба да ја пропушти цела наредна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…