Дома Останати Драми на стартот од турнирот во Квинс: Погледнете кои врвни имиња отпаднаа „од прва“

Драми на стартот од турнирот во Квинс: Погледнете кои врвни имиња отпаднаа „од прва“

Турнирот во Квинс, кој традиционално се игра пред третиот гренд слем во сезоната Вимблдон, започна со сензационални резултати. Уште на стартот својот настап го завршија Енди Мареј, Стан Вавринка и Мило Раониќ.

Првиот светски тенисер, Мареј потврди дека се наоѓа во лоша форма, откако не успеа да го совлада квалификантот од Австралија Џордан Томпсон, кој како „среќен губитник“ по повредата на Аљаж Бедене доби можност да настапи на главниот турнир.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Томпсон до најголемата победа во кариерата дојде во два сета 7:6, 6:2.

Сензација приреди уште еден Австралиец, Танаси Кокинакис, кој го совлада специјалистот за игра на тревната подлога, Милош Раониќ. Кокинакис е 698 на АТП листата, а на турнирот влезе со специјална покана на организаторот.

Австралиецот против Раониќ победи по голема борба откако двата сета ги доби во тај брејк со 7:6.

Турнирот заврши и за финалистот од Ролан Гарос Стан Вавринка. Швајцарецот во два сета 6:7, 5:7 беше поразен од Шпанецот Фелисијано Лопез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…