Познатиот француски кошаркар Микаел Желабал доживеал срцев удар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мозочниот удар Желабал го добил на тренингот на екипата Шалон каде што настапува. Веднаш бил пренесен во болница, а по деталните прегледи сега е во стабилна состојба.
„Направив дополнителни прегледи на одделот за интензивна нега, а потоа и на неврологија. Излегов од болница, но морам да одморам неколку недели, па сезоната за мене е завршена“, изјавил Желабал.
За екипата на Шалон тој настапува од 2017 година.
201 сантиметар високиот крилен центар во кариерата смени голем број на клубови, а најмногу успеси имаше во Валенсија со која го освои Еврокупот во 2012 година. Беше шампион на Шпанија со Реал Мадрид и двоен освојувач на францускиот шампионат со Асвел и Стразбур.
Што се однесува до репрезентативната кариера, Желабал беше дел од тимот кој на Франција и ја донесе титулата европски шампион во 2013 година, додека најголем успех на Мундобаскетот беше бронзениот медал во 2014 година.