Дома Останати Тенис Драма во четири часа на „Род Лавер“ арената со среќен крај за Кирјос!

Драма во четири часа на „Род Лавер“ арената со среќен крај за Кирјос!

Најдобриот меч во досегашниот дел на Австралија Опен го одиграа Ник Кирјос и Карен Кчанов. После четиричасовна драма, славеше Кријос со 3:2 во сетови.

Публиката во Мелбурн и во продолжение од турнирот ќе има домашен фаворит откако Кирјос славеше против Кчанов со 6:2, 7:6, 6:7, 6:7, 7:6.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Мечот на „Род Алвер“ арената траеше четири часа и 24 минути. Кирјос ги доби првите два сета, Русинот одговори во наредните два и во петтиот гледавме вистинска драма.

Откако двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, Кчанов поведе во тај-брејк со 8:7, но потоа изгуби поен на свој сервис, па Кирјос ја искористи третата меч топка за 10:8 и победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА: Синер заслужува суспензија поради допингот!

Случајот на два позитивни теста на допинг контрола на Јаник Синер сè уште е во мирување. О…