Дома Фудбал Италија До пред еден месец играше во осма лига, а вчера беше херој на Аталанта

До пред еден месец играше во осма лига, а вчера беше херој на Аталанта

Фудбалот често пати знае да испише големи приказни, а токму таква е приказната на Мустафа Сисе од редовите на Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова 18-годишнот момче вчера го постигна единствениот гол во натпреварот против Болоња и за својот тим донесе важни три бода во борбата за излез во Европа наредната сезона.

Во Италија Сисе стигна на само 16 години како бегалец од Гвинеја. Фудбал на „Чизмата“ започна да игра во осмата италијанска лига во тим кој е составен исклучиво од лица кои бараат азил. Токму во овој тим го забележаа скаутите на тимот од Бергамо.

Договорот со Аталанта Сисе го потпиша пред само еден месец и тогаш се пресели во академијата на италијанскиот тим, а набрзо доби место и во првиот тим. Ремито со Џенова (0:0) го преседе на клупата, а вчера против Болоња доби шанса во 65. минута и ја искористи на вистински начин, погоди после само 17 минути на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…