Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба синоќа постигна два гола во победата над Јанг Бојс, а после мечот му се заблагодари на соиграчите и на Жозе Мурињо.
Причината за тоа е довербата која му ја дадоа да го изведе пеналот и покрај фактот што Погба неодамна промаши пенал против Барнли во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера Французинот беше сигурен од белата точка и вече има четири гола на шест меча оваа сезона.
„Немав никаков сомнеж за пеналот. Знам дека го промашив претходниот, но му кажав на Мурињо дека нема да ја направам истата грешка. Ја имав довербата и на соиграчите и им благодарам за тоа, а треба да му заблагодарам и на менаџерот. Најважно нешто е што топката заврши во мрежата и што ги освоивме трите бода“, изјави Погба.
Веќе подолго време медиумите на Островот пишуваат за конфликтот помеѓу Мурињо и Погба, но со оваа изјава очигледно е дека работите се менуваат.