Дома Останати Кошарка Дончиќ: Ја изневерив целата држава…

Дончиќ: Ја изневерив целата држава…

На Евробаскетот вчера видовме вистинска сензација, Полска со 87:90 ја победи Словенија и ја елиминираше во четвртфиналето.

Разочарувањето кај Словенците кои беа едни од фаворитите за тронот секако беше огромно. Лука Дончиќ призна дека одиграл катастрофален натпреварот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Испраќам честитки до Полска која играше одлично од првата минута. Ние не влеговме во натпреварот како што треба, кога почнавме да се враќаме веќе беше доцна. Полска цело време се бореше и заслужено победи, ние одигравме катастрофално“.

„Се чувствувам како да ја изневерив целата земја што ме поддржуваше. Морав да играм подобро, правев многу грешки…“, призна НБА ѕвездата.

Натпреварот Дончиќ го заврши со 14 поени, 11 скока и седум асистенции, а на паркетот по завршувањето беше бесен и ги навредуваше судиите (ТУКА). Сепак, по краткото размислување со „ладна глава“ изгледа сфатил дека виновни си се самите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…