Дома Останати Кошарка Вакво однесување не смее да си дозволи: Дончиќ ги пцуеше судиите по поразот од Полска

Вакво однесување не смее да си дозволи: Дончиќ ги пцуеше судиите по поразот од Полска

Словенија вчера изненадувачки беше поразена од Полска во четвртфиналето на Евробаскетот, а по натпреварот својата „темна“ страна ја покажа Лука Дончиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенците беа поразени со 87:90, меѓутоа во еден момент од натпреварот имаа и минус 23 пред крајот на првото полувреме. Во последните седум секунди од натпреварот кошаркарите на Словенија бараа прекршок над Клемен Препелиќ.

Најжесток во тие критики беше Дончиќ кој не беше на своето ниво. Натпреварот НБА ѕвездата го заврши со 14 поени, 11 скока и седум асистенција.

Навредите од Лука кон судиите беа жестоки, во еден момент изговори и „пи*ко една см*лива“. Однесување какво што секако не е дозволено за еден кошаркар со неговото реноме.

Видеото од таа ситуација можете да го погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…