Дома Фудбал Донесена одлука: Реал нема да се враќа во Мадрид

Донесена одлука: Реал нема да се враќа во Мадрид

Тимот на Реал нема да се враќа во Мадрид и од Памплона ќе лета дирекно во Малага.

Ова беше одлучено денес поради хаосот кој настана на аеродромите во поголем дел од Шпанија поради снегот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во саботата „кралевите“ играа против Осасуна и се надеваа дека ќе успеат да се вратат во Мадрид после завршувањето на мечот, но не добија одобрение.

Проблемот не е во аеродромот во Памплона, туку на тој во Мадрид, каде поради снегот авионите можат само да полетуваат, а не и да слетуваат.„Кралевите“ ќе останат во хотел, а во понеделник ќе летаат во Малага, каде во четврток ги очекува меч против Атлетик Билбао во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…