Дома Фудбал Италија Донарума за роденден добива поклон од 20 милиони!

Донарума за роденден добива поклон од 20 милиони!

Според многумина најталентираниот голман на светот, Џанлуиџи Донарума во сабота ќе стане полнолетен, а желбата на раководството на Милан е да го задржи во клубот, односно да потпише договор до 2022 година.

Милан следната недела и официјално ќе премине во рацете на кинескиот конзорциум кој за прва целе ќе има да го обезбеди потписот на новиот договор на Донарума.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека новиот генерален директор Марко Фасоне веќе имал состанок со Мино Раиола и постигнат е налечен договор Донарума да потпише договор за следните 5 години според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Агентот на младиот голман барал годишна плата од 5 милиони евра, но на крајот двете страни нашле заеднички јазик па тинејџерот ќе заработува 4 милиони плус бонуси.

Тоа значи дека новиот договор на Донарума ќе биде „тежок“ точно 20 милиони евра за следните пет години!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…