До истекот на договорот на Џанлуиџи Донарума со Милан остануваат уште три месеци, тоа не е некој долг период, а најави дека истиот ќе биде продолжен се уште нема.
Ваквата ситуација сигурно создава револт кај навивачите на „росонерите“ кои сакаат младиот голман да остане во нивниот тим. Во медиумите многу се шпекулира за неговата иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес „Ла Стампа“ носи вести кои ако се точни се добри за „росонерите“. Според нивните информации Донарума му ставил до знаење дека нема намера да го напушти Милан и оставил на него да издејствува што подобар договор.
Донарума иако има 22 години веќе неколку години е еден од најдобрите голмани во светот.