Дома Фудбал Долго ќе го памети Белград: Новинар му покажа на Гвардиола интересна фотографија, неговата реакција стана вирална

Долго ќе го памети Белград: Новинар му покажа на Гвардиола интересна фотографија, неговата реакција стана вирална

До средата малкумина знаеја за Мика Хамилтон. Сега во Англија е вистинска ѕвезда.

Хамилтон постигна прекрасен погодок на гостувањето во Белград.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хамилтон така дебитираше и постигна гол во Лигата на шампионите, а неговиот настап привлече големо внимание во јавноста. Интернетот памети се, па некој успеал да ја „ископа“ негова фотографија од пред шест години.

Денеска ретко кој би го препознал Хамилтон од периодот кога беше собирач на топки. Тогаш во една прилика му пријде Пеп Гвардиола и нешто му шепна. Тогаш од Премиер лигата напишаа:

„За шест години ќе постигнете гол во Лигата на шампионите.

Еден новинар му ја покажа фотографијата на Гвардиола, а тој се изненади обидувајќи се да се сети на тој момент.

„Леле, тој порасна. Погледнете. Каков гол и каков натпревар. Среќен сум поради него“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…