Дома Трансфер зона Доказ за добро работење: Реал со минимална загуби при трансферите!

Доказ за добро работење: Реал со минимална загуби при трансферите!

И покрај фактот што Реал Мадрид има репутација на клуб кој троши огромни пари за трансфери, сепак статистиката покажува дека „кралевите“ имаат одлична трансфер политика во последните пет години.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, статистиката од последните 5 години покажа дека разликата помеѓу потрошените пари и реализираните приходи кај Реал е само 6,4 милиони евра.

Така „кралскиот“ клуб се најде на 115-то место меѓу клубови со најголем минус кога се трансферите во прашање. Очекувано на првите три места се најдоа богаташите Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

За последните пет години „граѓаните“ потрошиле 1.010 милијарди на трансфери, а продале играчи во вредност од 264 милиони евра. Кај „црвените ѓаволи“ и „светците“ загубите се од 625 милиони и 544 милиони евра.

Меѓу првите 10 се уште Барселона, Арсенал, Јувентус, Милан, Ливерпул, Вест Хем и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…