Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Додека Франција слави, Бен Арфа критикува: Дешамп да си даде оставка!

Додека Франција слави, Бен Арфа критикува: Дешамп да си даде оставка!

Франција на Мундијалот во Русија дојде до втората светската титула, но има и такви кои го критикуваат селекторот Дешамп.

Поранешниот играч на ПСЖ, Хатем Бен Арфа го критикуваше Дешамп за начинот на кој игра репрезентацијата и го повика да си даде оставка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ќе биде опасно Франција да се крие зад овој втор триумф на СП и да го претвори стилот на тимот во референтна точка. Не можете да го сокрите фактот дека ултра-циничниот стил на францускиот тим е прилично грд. Не сакам тоа да стане норма на клупските академии, бидејќи луѓето честопати се обидуваат да ги копираат најновите победници на Светското првенство. Се разбира признавам дека нивниот метод е многу ефикасен и добро применет“, изјави Бен Арфа.

„Знам дека на голем број играчи не им одговара овој стил на игра. Стилот на игра е многу лош. Секако, имаше ефект, но ние всушност живеевме од грешките на противникот. За Дешамп ќе биде најдобро да си замине, а новиот селектор да го искористи потенцијалот и да ги пушти фудбалерите да уживаат“, додаде Бен Арфа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …