Дома Трансфер зона Додека се чека Феликс Атлетико го потврди и петтото засилување

Додека се чека Феликс Атлетико го потврди и петтото засилување

Aтлетико Мадрид официјализираше уште еден трансфер!

Популарните „Јорганџии“ го доведоа играчот на Порто Хектор Ерера. Станува збор за 29 годишен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред. Ерера во Атлетико доаѓа како слободен играч и тоа откако му истече договорот со португалскиот тим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мексиканецот со Атлетико потпиша договор на три години и ќе биде обврзан со клубот од „Ванда Метрополитано“ до летото 2022 година.

Инаку тој е веќе петтото засилување за Атлетико ова лето: Пред него пристигнаа Маркос Љоренте од Реал, Фелипе од Порто, ННиколас Ибанеза од Сан Луиз и Рене Лоди од Атлетико Параненсе.

Во наредните денови се очекува клубот да го потврди и трансферот на Жоао Феликс за кого ќе плати 126 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…