Дома Фудбал Останато Додека нема фудбал ФИФА воведе нови правила – ќе се користат од наредната сеозна!

Додека нема фудбал ФИФА воведе нови правила – ќе се користат од наредната сеозна!

Од наредната сезона ни стигнуваа нови фудбалски правила ширум светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Извршниот одбор на ФИФА донесе одлука за новите правила кога во прашање е користењето на ВАР, но и изведувањето пенали.

ВАР И ИГРАЊЕТО СО РАКА

Еден од главните заклучоци на состанок е тоа што судијата од наредната сезона ќе може почесто да го користи ВАР бидејќи од него ќе се бара прегледување на сите сомнителни акции. Ако евентуално топката го погоди во рамо фудбалерот нема да има интервенција од судијата, но ако ја удри во лакт автоматски играта ќе може да се запре. Ако напаѓачот топката го удри ов рака играта ќе се запре само ако во продолжение од акцијата се постигне гол или ако напаѓачката екипа стекне предност.

ПЕНАЛИ И ЖОЛТИ КАРТОНИ

Ако голманот истрча од гол-линијата во моментот на изведувањето пеналот, а топката заврши во пречката или стативата пеналот нема да се повтори како што беше случај до сега. Секако, оваа одлука ќе биде на сила со исклучок ако голманот намерно му пречи на изведувачот на пеналот. Исто така, добиениот жолт картон нема да се смета во пенал серијата. Ако играчот има жолт картон и повторно го добие во пенал серијата нема да биде исклучен. Ако голманот и изведувачот на пеналот истовремено ги прекршат правилата при изведување на пеналот жолт картон ќе добие изведувачот.

ОСТАНАТИ ПРАВИЛА

Играчот кој нема да биде одалечен четири метри од топката кога мирува после прекинот на играта ќе добие жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …