Ромелу Лукаку по само една сезона го напушти Челси и се врати во Интер, иако премиерлигашот за неговите услуги плати 120 милиони евра, но Белгиецот не ги оправда очекувањата.
Лукаку имаше сезона која ќе сака што е можно побрзо да ја заборави, а вчера беше потврдено неговото враќање во поранешниот италијански шампион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако го напушти Челзи, во јавност се појавуваа различни приказни за тоа што Лукаку и Томас Тухел повеќе не сакаа да соработуваат.
Не е тајна дека Лукаку и Тухел не беа во добри односи, а британски „Сан“ објави кога се скарале.
Тоа се случило за време на меч на Тотенхем, кога Тухел му кажал Белгиецот: „Ене го татко ти“, мислејќи на Конте, а тоа Лукаку многу го налутило.