Потпретседателот на Барселона, Емили Русо, кој вчера си поднесе оставка заедно со уште пет други директори е убеден дека некој присвоил средства од финансиската каса.
Станува збор за случајот со мониторингот на социјалните мрежи, кој беше проценет на 100.000 евра, но за него беа потрошени 1 милион евра.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Дали некој чепкал во клупската каса? Не знам кој може да биде, но мислам дека ДА. Кога ќе платиш 1 милион евра за нешто кое чини 100.000 евра нема сомнеж во тоа. Плаќањето било распоредено на рати од 200.000 евра за да се избегне потребата од одобрување на Бородот на директори“, објаснува Русо.
„Сега има отворена истрага која ќе покаже како се случило тоа. Бартомеу веќе знае за тоа. Темата за социјалните мрежи е нечиста работа. Верувам дека некој чепкал во касата, но не знам кој. Убеден сум дека не е никој од Бордот“, додаде Русо.
Се смета дека виновен за ова е Жауме Монферер кој беше советник на претседателот Жосеп Марија Бартомеу.
❗️Rousaud (board member who resigned yesterday): “I think someone is robbing the club. We paid 1 million euros for a work that has a cost of 100,000€… Who was it? I don't know who it was, but you can imagine…”
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 10, 2020