Дома Фудбал Добри вести за Барса: Меси спремен за „Ел Класико“

Добри вести за Барса: Меси спремен за „Ел Класико“

Барселона синоќа се спасуваше од пораз против Валенсија и одигра 2:2, а двата гола за Каталонците ги постигна Лионел Меси.

Сепак, резултатот беше во втор план бидејќи Меси при самиот крај се пожали на повреди и болки во бутниот мускул. Тоа сериозно ги загрижи фановите со оглед на фактот што за неколку дена се игра „Ел Класико“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека веднаш му биле направени детални прегледи на Аргентинецот и не била констатирана посериозна повреда. Болките биле поради удар во десниот бутен мускул.

Меси ќе добие еден ден одмор, а од утре се враќа на тренинзите и ќе биде спремен за „Ел Класико“ кое на програмата е на 6-ти февруари на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Атлетико требаше да добие црвен картон, а Барселона пенал. Каква е целта на ВАР?

Во петтиот натпревар помеѓу овосезонските ривали, Атлетико Мадрид во средата го совлада Ба…