Рома вечерва доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Барселона со 4:1 во рамки на првиот четвртфианлен меч во ЛШ.
„Волчицата“ одигра одлична партија на „Камп Ноу“, но на крајот римскиот клуб патеше по своите грешки, поточно грешките на одбранбените играчи. Барселона до победа пристигна со помош на два автогола, како и головите на Суарез и Пике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се додаде дека судијата можеше да досуди и два пенали за Рома во првото полувреме, но тоа не се случи. Тренерот на Рома, Еусебио Ди Франческо, по мечот порача дека првенствено неговите играчи и судијата и помогнале на Барселона да слави.
„Одиграмве фантастичен натпревар, а доживеавме убедлив пораз. И помогнавме на Барселона со два автогола, но им помогна и судијата. Резултатот не е реален, но нема да се откажеме. Барселона е секако силен состав, мислам дека судиите не треба вака да им помагаат“, истакна Ди Франческо.