Дома Трансфер зона Ди Марцио: Готово е Халанд, го избра клубот каде што сака да продолжи!

Ди Марцио: Готово е Халанд, го избра клубот каде што сака да продолжи!

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека напаѓачот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд избрал кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

Ди Марцио тврди дека Халанд бирал измеѓу Премиер лигата и шпанската Примера и се одлучил за Примера затоа што смета дека стилот на игра во Шпанија повеќе му одговара. Од Примера Халанд го сакаа Реал и Барселона, па изборот паднал на клубот од Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Халанд веќе побара од својот агент се да му договори со Реал“, објави Ди Марцио.

Халанд следното лето може да замине од Борусија Дортмунд за 75 милиони евра. Во Дортмунд заработува околу осум милиони евра годишно, додека во Мадрид се очекува да има двојно поголема плата.

„Ерлинг ќе го направи следниот чекор, Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се клубовите кадеш то може да замине“, изјави неодамна агентот на Халанд, Мино Раиола. Баерн отпадна затоа што во Минхен се уште сметаат на Левандовски, Сити не покажа преголем интерес, а Реал е во подобра финансиска ситуација од Барселона и има посилен играчки кадар.

Халанд во Борусија пристигна во зимскиот преоден рок во 2020 година од Салзбург за 20 милиони евра и на 75 натпревари за „милионерите“ постигна 76 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…