Дома Македонски спорт Ди Марцио за Пандев: Годините за него се само бројка, го чекаат два сона!

Ди Марцио за Пандев: Годините за него се само бројка, го чекаат два сона!

Македонскиот капитен Горан Пандев и на 37 години држи лекции на терените во Италија.

Вчера во победата на Џенова Пандев го постигна деветтиот гол во сезоната и беше најдобар на теренот против СПАЛ. Од рестартот на сезоната Пандев прерасна во вистински лидер на Џенова и ако овој тим избори опстанок нема дилеми дека едни од најголемите заслуги ќе ги има токму тој.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Големи пофалби по вчерашниот настап на Пандев денес изнесе веројатно најпознатиот спортски новинар во Италија, Џанлука Ди Марцио.

„Пандев пред една деценија ја прослави „триплетата“ со Интер, а и покрај тоа што годините минуваат тој остана ист. Духот и желбата кој ги носи со себе не се променија и на секој настап и понатаму дава се од себе. Годините за него се само бројка. Наскоро ќе наполни 37 години и се уште не се дава. Сезонава има девет гола и тоа не му успеало уште од сезоната 2008/2009. Кога ќе направиме споредба со лани тој е двојно поефикасен. Во Серија А дојде на 94 гола на 438 натпревари. Сега пред него се две важни цели кои сака да ги оствари – опстанок со Џенова во Серија А и пласман со Македонија на ЕП 2020“.

„Од 19 до 26 јули е клучниот период за Горан. На 19 јули е закажано дербито со Лече на „Мараси“. Три дена подоцна ќе играат против Сампдорија и сите се надеваат дека ќе се игра со публика. На 23 јули Пандев ќе дувне 37 свеќички на тортата пред да се соочи со клубот каде што го имаше најголемиот успех, Интер. Опстанокот за него би бил половина сон, потоа следи „проектот“ Македонија на ЕП 2020 и баражот против Косово. Тука ќе има шанса да испише историја со неговата земја“.

Ќе стигне ли Пандев до 100 гола?

„Се е можно! Му посакувам да постигне 100 гола во Серија А ама прво нека ја спаси Џенова тоа го заслужуваат навивачите и сите во клубот“, пишува Ди Марцио за Гоче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нови обвиненија за Тонали, се обложувал и во Англија

На Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари. Тој …