Дома Фудбал Ди Марија: Мбапе сака да пишува историја во Париз, има време за Мадрид…

Ди Марија: Мбапе сака да пишува историја во Париз, има време за Мадрид…

Килијан Мбапе викендов стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и потпиша нов договор со ПСЖ според кој ќе остане во Париз најмалку до 30. јуни 2025 година.

Ваквата одлука на Мбапе беше удар за Реал Мадрид каде што сметаа дека го имаат неговиот потпис, но на крајот сепак Французинот го смени мислењето и се реши да продолжи во Париз. Одлуката на Мбапе ја коментираше Анхел Ди Марија.

„Мислам дека донесе вистинска одлука, тој е се уште млад и има време да оди во Мадрид. Потпиша на три години што значи дека ќе има 26 години на истекот на договорот, многу време е пред него…Сака да продолжи да пишува историја тука“, изјави Ди Марија.

Инаку, ќе потсетиме Ди Марија ќе го напушти ПСЖ ова лето, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во редовите на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер има план за одбраната: Ричардс без обесштетување?

Крис Ричардс од Кристал Палас е меѓу опциите за одбраната на Интер. Американецот има догов…