Вардар 1961 вчера не се покажа во најдобро светло и беше декласиран од Е.Пелистер со девет голови разлика.
По натпреварот Тимур Дибиров порача дека оваа шлаканица за тимот доаѓа во вистинско време, а најмногу е разочаран од начинот на кој бил поразен неговиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Разочарани сме од начинот на кој изгубивме. Во првиот дел не беше лошо, но во второто полувреме дојде до наш пад во играта. Поради правилата на домашни и странци не можевме да регистрираме уште неколку играчи, проблем имавме во ротацијата. Но, да не бараме алиби, оваа шлаканица е добредојдена затоа што ни следи тешка сезона. Може да видиме каде грешевме и во кој аспект треба да се подобриме“, порача Дибиров.
Вардар 1961 сега го чека настапот на Струшкиот турнир.
Фото: РК Вардар1961/ Денис Дуковски