Дома Фудбал Дибала ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија

Дибала ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, ја одбил понудата од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Николо Шира на социјалните мрежи.

Ал Кадисија летово на Аргентинецот му понуди четиригодишен договор тежок 100 милиони евра. Сепак, 30-годишниот фудбалер избра да остане во италијанскиот клуб бидејќи сака да освои трофеј со римјаните.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата сезона Дибала забележа 39 настапи за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и десет асистенции. 

Договорот на Аргентинецот со клубот италијанската престолнина е до летото 2025 година. Неговата пазарна вредност се проценува на 20 милиони евра според порталот „Трансфермаркт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа во Реал може да го наследи и Германец!

Реал Мадрид се соочува со сериозни предизвици пред крајот на оваа сезона. По нерешениот ре…