Иднината на Пол Погба во Манчестер Јунајтед не е сигурна, а неговиот пријател Пауло Дибала има порака за Французинот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дибала и Погба се добри пријатели и се во постојан контакт, а Аргентинецот сака повторно да играат заедно.
„Најдобро е да се вратиш во Јуве, овде сите те чекаме. Притоа, за уморивме постојано да зборуваме на видео чат“, порача Дибала.
Сепак, тешко дека ќе му се исполни желбата на Дибала бидејќи Мурињо го стопира трансферот на Французинот, иако медиумите тврдат дека не се во добри односи.
Погба е спремен да го напушти „Олд Трафорд“ и негова желба е да се врати во Јувентус, но тој трансфер е „невозможна мисија“.
Прво бидејќи Мурињо не сака да го пушти да замине, второ неговата плата е превисока за „бјанконерите“.