Дома Фудбал Останато Дибала: Сите сакаме Меси да се врати во репрезентацијата

Дибала: Сите сакаме Меси да се врати во репрезентацијата

dybala

Лионел Меси од Мундијалот на Светското првенство не настапува за селекцијата на Аргентина, а многумина веруваат дека повеќе нема да го облече дресот на „Гаучосите“.

После победата против Мексико од 2:0, новинарите го запрашаа Паоло Дибала што мисли за неиграњето на супер ѕвездата на Барселона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако можеби поради Меси имаше нешто помала минутажа, Дибала порача дека сите сакаат Меси да се врати во репрезентацијата.

„Сите сакаме Меси да се врати во репрезентацијата. Сите знаеме колку е важен за нас, но се е до него. Ние сме група на млади играчи и ни треба поддршка“, изјави Дибала.

Ќе потсетиме и Мауро Икарди на почетокот на октомври истакна дека Меси мора да се врати.

„Меси мора да се врати. Ќе играме Копа Америка следната година и јасно е дека тој мора да се врати“, порача тогаш Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …