Дома Фудбал Италија Дибала: Сакам да бидам најдобар фудбалер во светот!

Дибала: Сакам да бидам најдобар фудбалер во светот!

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала истакна дека сака еден ден да биде најдобар фудбалер во светот и да ја освои „Златната топка“.

„Сакам да станам еден од најдобрите фудбалери на светот, и еден ден да ја освојам Златната топка. Секојдневно тренирам и се трудам да напредувам и верувам дека е можно да ја достигнам мојата цел. Незнам дали еден ден ќе ја остварам целта, но ќе дадам се од себе“, изјави Дибала.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Аргентинецот истакна дека му годи интересот на гиганти како Реал Мадрид и Барселона, но дека е среќен во Јувентус.

„Нивниот интерес длабоко во себе ми годи. Тоа што ги следат моите игри значи дека сум на добар пат. Интересот од таквите клубови ми ја поткрева самодовербата, но јас сум среќен во Јувентус“, заклучи Дибала.

23-годишниот Аргентинец пред година и половина од Палермо се пресели во Јувентус и се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…