Рома и во осмото последователно гостување во Торино остана без победа, откако актуелниот шампион славеше со минимални 1:0.
Голот за победа го постигна Бенатиа, а Патрик Шик во последната минута промаши стопроцентна шанса за израмнување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Задоволен сум како одигравме поголем дел од натпреварот, штета што не бевме еднакво добри до самиот крај. Можевме да постигнеме уште голови, но секогаш е убаво кога победиш со 1:0“, изјави Алегри по мечот.
Главна тема денес во италијанските медуми е Пауло Дибала, кој целиот меч го преседи на клупата за резерви.
„Пауло не е никаков проблем за Јувентус. Проблем би бил ако го немаме. Во овој момент ситуацијата е таква што повеќе потребни ни се Матуиди и Пјаниќ“.
„Дибала пред неколку дена во Купот беше многу добар и постигна гол, а јас после натпреварот му кажав дека не го гледам во стартниот тим против Рома. Тој разбира за што станува збор и ја почитува мојата одлука“, објасни Алегри.