Дома Трансфер зона Дибала пред одлука: Рома или Премиер лигата?

Дибала пред одлука: Рома или Премиер лигата?

Aргентинецот Пауло Дибала сака да остане во Рома и по ова лето, но размислува и за преселба во Премиер лигата, објавија денеска италијанските медиуми.

Дибала сака да остане во Рома и во сезоната 2024/2025, а во неговиот договор кој истекува во јуни 2025 година има откупна клаузула од 12 милиони евра за клубови надвор од Серија А, која ќе стапи на сила во текот на јули.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


Втората клаузула од 20 милиони евра важи само за клубовите во Серија А.

Дибала неодамна изјави дека не е сигурен дали ќе остане во Рома, но во овој момент изгледа дека е поблиску до такво нешто.

Како што пренесуваат „Газета дело Спорт“ и „Коријере дело Спорт“, аргентинскиот фудбалер сака да остане барем уште една сезона на „Олимпико“ и да се обиде да освои трофеј, меѓутоа го чека и настапот во Лигата на шампионите со „волчицата“.

„Скај“ објави дека Дибала ја разгледува и можноста да се пресели во некој од клубовите од Премиер лигата во Англија, ако заминува од Рома.

Во 2022 година, Дибала се пресели во Рома како слободен играч од Јувентус и за овој тим досега одигра 77 натпревари и постигна 34 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул тргнува по Кварацхелија

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а трката за неговиот потп…