Во претходниот период многу се шпекулира за можно заминување на Френки Де Јонг од редовите на Барселона, сега како нова опција за Холанѓанецот се појавува Манчестер Јунајтед.
Френки Де Јонг е помеѓу фудбалерите кои Барселоан ги стави на трансфер листата со цел да се подобри финансиската ситуација во клубот. Сумата која Барселона сака да ја добие од продажбата на Де Јонг е околу 90 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Де Јонг со Барселона истекува на крајот на јуни 2026 година, па јасно е дека многу работи ќе треба да се поклопат за овој трансфер да се реализира.
Де Јонг во Манчестер Јунајтед би можел да пристигне како замена за Пол Погба кого иднината во Јунајтед не му е сигурна.