Дома Топ вести Де Јонг го одби Манчестер Јунајтед, позната и причината!

Де Јонг го одби Манчестер Јунајтед, позната и причината!

Манчестер Јунајтед и Барселона постигнаа договор за трансфер на Френки де Јонг, но Холанѓанецот одбива да се пресели на „Олд Трафорд“.

Имено, агентите на Холанѓанецот, Али Дурсун и Хасан Цетинкаја, ги известиле двата клуба дека нема промена на позицијата на играчот и дека тој нема намера да го напушти „Камп Ноу“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Барселона и Манчестер Јунајтед си подале рака за договор вреден 65 милиони евра плус уште 20 милиони евра бонуси. Сепак, овој трансфер не може да се реализира бидејќи Де Јонг не дава „зелено светло“.

Де Јонг одбива да се пресели во Манчестер Јунајтед бидејќи не му се допаѓа градот и смета дека клубот не се движи во правилна насока. Притоа, „црвените ѓаволи“ нема да настапуваат во Лигата на шампиони оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…