Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис жестоко го критикуваше новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари.
Сари како што е познато претходно беше тренер на Наполи, а сега првиот човек на клубот од Неапол тврди дека Сари со себе во Челзи сакал да однесе половина тим на Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не се согласувам со тоа дека двајцата грешевме. Мислам дека јас не направив ниту една грешка. Имаше договор, а јас само можам да кажам дека недозволенао пронајде нова работа, ги напаѓаше играчите за кои сметаше дека не играше добро. Тие играчи дадоа многу за овој тим. Тој ги масакрираше со фанатичните тренинзи, но тие секогаш реагираа добро во тие ситуации“, изјави Де Лаурентис.
Претседателот на Наполи истакна дека сакал да го „распарчи“ Наполи со тоа што половина тим ќе однесе со себе во Челзи.
„Сакаше да го доведе скоро цел мој тим. Го сакаше Жоржињо му го дадов. Но потоа зборував со Анчелоти кој ми кажа дека ќе смета на останатите играчи кои ги сакаше Сари“, откри првиот човек на италијанскиот клуб.