Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Само вистинскот Наполитанец одигра добро, останатите не постоеја!

Де Лаурентис: Само вистинскот Наполитанец одигра добро, останатите не постоеја!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис не беше задоволен од резултатот, но и од прикажаната игра на Наполитанците на „Сантиаго Бернабеу“.

Контроверзниот претседател јавно ја искритикува тактиката на тренерот Сари и истакна дека единствен кон одиграл добро е Инсиње, кој е роден Наполитанец.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека на момците им недостасуваше наполитанска дрскост вечерва. Единствен кој го покажа тоа беше Наполитанецот, Инсиње кој постигна добар гол. Останатите единствено не постоеа. Како да беа импресионирани од големите играчи на Реал Мадрид кои не ни одиграа толку добро на натпреварот“, истакна Де Лаурентис.

„Дури може да кажеме и дека добро поминавме бидејќи можевме да загубиме со пет или шест голови. Во Неапол ќе биде пекол, но можам да замислам дека ако Реал Мадрид даде гол, иститите играчи повторно ќе ги снема. Кога сте млад треба да бидете смирен, а не арогантен, но Наполи вечерва не беше тоа. Не сакам да ги казнам иако не сум задоволен“, заклучи претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…