Кевин Малки во понедлник пристигнува на прегледи.
Тимот на Наполи денес го реши и прашањето на десната бековска позиција. Сенегалецот Јусуф Сабали практично беше завршен пред неколку недели, но трансферот пропадна во последен момент бидејќи десниот бек на Бордо не ги помина медицинските прегледи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи се поврзуваше и со Дармијан, но изгледа дека не пронајдоа заеднички јазик со Манчестер Јунајтед, па на крајот нов десен бек на клубот ќе биде Кевин Малки кој има 26 години и доаѓа од Лил.
Малки по потекло е Мароканец, а во својата кариера настапуваше за Сент Етјен, Ниор и Монако.
Италијанските медиуми, предводени од Џанлука Ди Марцио пренесуваат дека трансферот е договорен и дека Наполи ја победил конкуренција со понудата од 11.5 милиони евра.
Минатата сезона, Малки на 25 натпревари за Лил запиша пет асистенции.