Aко им веруваме на англиските медиуми, Давид Де Геа од лето нема да биде голман на Манчестер Јунајтед.
Одличниот чувар на мрежата на крајот од сезоната изгледа ќе го напушти Јунајтед. Клубот наводно одлучил Дин Хендерсон да биде прв голман, а тешко дека Шпанецот ќе ја прифати позицијата на резервен чувар на мрежата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она што сега создава проблем е неговиот договор. Платата од 20 милиони евра годишно која ја добива во Јунајтед тешко дека може да му ја даде друг клуб, Де Геа е далеку најскап голман во светот.
Во редовите на Јунајтед Де Геа дојде пред 10 години од Атлетико претходно често се поврзуваше со Реал Мадрид, сепак остана лојален на „црвените ѓаволи“.
Според информациите Јунајтед е спремен да му плати оштета за раскинувањето на дтоворот како што претходно клубот го направи тоа со Алексис Санчез. Санчез за да го раскине договорот од Јунајтед доби 10 милиони евра.