Дома Топ вести Де Геа не го интересираат парите на Јунајтед – сака да си оди!

Де Геа не го интересираат парите на Јунајтед – сака да си оди!

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа не сака да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот голман има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни 2019 година, но Манчестер Јунајтед може автоматски да го продолжи на уште една година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоа им гарантира на „црвените ѓаволи“ дека Де Геа нема да започне преговори со друг клуб уште на почетокот на иднината година.

Меѓутоа, Шпанецот следното лето ќе влезе во последната година од договорот па клубот сака што е можно побрзо да потпише нов договор и е спремен да го направи втор најплатен фудбалер веднаш после Алексис Санчез.

Меѓутоа, Де Геа е разочаран од ситуацијата во клубот и не сака да потпише нов договор. Неколку години беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ ова лето го купија Куртоа.

Последните информации од Островот се дека ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и сака да го донесе во Париз. Доколку Шпанецот е категоричен во намерата да не потпишува нов договор, тогаш Манчестер Јунајтед следното лето ќе биде приморан да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…