Дома Трансфер зона Де Геа на пат за Париз: ПСЖ му нуди „богатство“

Де Геа на пат за Париз: ПСЖ му нуди „богатство“

Давид де Геа не ја игра најдобрата сезона во Манчестер Јунајтед, Шпанскиот голман прими 51 гол досега во сезоната во Премиер лигата, а според „Дејли Стар”, ПСЖ го искушува со неверојатна понуда.

Во моментов Де Геа заработува 200.000 фунти неделна плата на „Олд Трафорд“, а ПСЖ е спремен да му понуди двојно поголема – 450.000 фунти неделно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во моментов, прв голман за ПСЖ е 41-годишниот Џанлуиџи Буфон, а од „Паркот на принцовите” гледаат на Де Геа долгорочно решение на голманската позиција.

Притоа, „светците“ се спреми да му понудат на „црвените ѓаволи“ 90 милиони фунти за да го добијат потписот на Де Геа.

И покрај многуте грешки во последно време, Шпанецот не престанува да добива поддршка од Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот.

28-годишниот Шпанец беше привлечен на „Олд Трафорд” во 2011 година, а до сега има вкупно 360 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и седум освоени трофеи.

Доколку се реализира овој трансфер медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед веќе има пронајдено замена. Имено, „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула за голманот на Атлетико, Јан Облак, која изнесува 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…