Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа незапирливи изминатата вечер во која Лејкерси стигнаа до втора победа и водство од 2:0 против Мајами во финалната серија во НБА лигата.
Џејмс постигна 33 поени, Дејвис еден помалку, а после одличниот настап својо коментар даде токму Дејвис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дејвис себе и Џејмс се спореди со поранешниот супер тандем на Лејкерси Коби Брајант – Шекил O’Нил.
„Коби и Шек беа несебеични играчи. Двајцата го имаа тој натпреварувачки дух. Мислам дека Леброн и јас сме исти. Сакаме да победиме во секој натпревар без оглед на околностите. Се трудиме да помогнеме на нашиот тим да победи“.
„Леброн е Коби бидејќи ја има топката, а јас сум Шек затоа што играм во зоната од три секунди“, изјави Дејвис.