Дома Фудбал Англија Дешамп откри: Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед

Дешамп откри: Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп го коментираше падот на формата на Пол Погба и шпекулациите за негов конфликт со Жозе Мурињо.

Погба на последните три натпревари за Манчестер Јунајтед беше на клупата за резерви, а на негово место играше младиот МекТомини.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не знам точно каков е проблемот, но ќе разберам. Јасно е дека Пол не е среќен од моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед. Причините за ваквата ситуација можат да бидат различни, јас ќе разговарам со него и ќе се обидам да му помогнам“, изјави Дешамп.

Пред неколку дена поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дугари го советуваше Погба да го напушти Манчестер Јунајтед, а се погласни се шпекулациите дека Французинот е во конфликт со Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лионел Меси размислува за пензија: Сакам да имам сопствен клуб!

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалски великани во историјата, најави дека во иднина п…