Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Челзи му даде „корпа“ на Јувентус

Дефанзивецот на Челзи му даде „корпа“ на Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој веќе во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и веќе испратил понуда до данскиот репрезентативец во кого гледа идеален наследник на Киелини.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Кристенсен ја одбил понудата на „бјанконерите“ и им се заблагодарил на инетерсот.

Данецот преферира да остане во Премиер лигата, но не е исклучено да ја продолжи соработката со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…