Откако вчера беше комплетирана позајмицата на Гонзало Игуаин во Челзи, Јувентус ги откри деталите.
Челзи со Игуаин на крајот од сезоната ќе има две опции. Првата е да го позајмата Игуаин на уште 12 месеци за што ќе треба да платат 18 милиони евра во сезоната 2019/2020. Или пак во целост да го откупат играчот за сума од 36 милиони евра, сума која може да биде платена на две рати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така се наведува дека овој трансфер (сегашната позајмица) нема ефект врз нивниот финансиски извештај за оваа година. Ова значи дека Челзи ја превзема позајмицата од Милан кој на Јувентус му плати 18 милиони евра во текот на летото. Оваа сума сега половина (девет милиони евра) ќе им биде вратена од страна на Челзи.
Ова значи дека со овие девет милиони во случај Челзи да го откупи Игуаин на крајот од сезоната целата зделка „сините“ ќе ги чини 45 милиони евра.