Виктор Осимен долго време се обидуваше да го напушти Наполи, а на крајот целата драма заврши со најлошо можно сценарио за него.
Тој ги договори прво личните услови за трансфер во Ал Ахли, но во последен момент ги стопираше преговорите сакајќи да види што нуди Челси и да се обиде да постигне договор со англискиот гигант.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На крајот неговиот избор беше Челзи, меѓутоа во краткото време англискиот гигант не се договори со Наполи. Според информациите последната понуда на Челзи до Осимен била четири милиони евра фиксна плата и уште четир преку бонуси, тоа е двојно помалку од она што го добива во Наполи.
Со таквата понуда пропаднала и целата операција и се било откажано на еден час пред полноќ.
Опцијата за Ал Ахли се уште останува бидејќи трансфер периодот во Саудиска Арабиај е отворен уште три дена, сепак не е познато колоку желба сега има Ал Ахли да го доведе. Ќе потсетиме, овој тим вчера го доведе и Ајван Тони од Брентфорд.
Како што стојат работите реално сценарио е Осимен да остане во Наполи и да биде најголемиот губитник во целата приказна бидејќи има нарушени односи со тренерот Антонио Конте и е надвор од тимот.