Дома Македонски спорт Мак фудбал Треба ли да жалиме за Кулушевски?

Треба ли да жалиме за Кулушевски?

Денес фудбалерот со македонско потекло Дејан Кулушевски потпишува договор со Јувентус.

Кулушевски има македонско потекло играше за некои младински категории на Македонија, но на крајот ја избра Шведска. Со Јувентус Кулушевски ќе потпише договор до 2024 година, но сезонава ќе остане во Парма на позајмица, за него „старата дама“ плати 39 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во минатото Кулушевски важеше за голема надеж на македонскиот фудбал, но на крајот не „изневри“ или пак од нешто бил разочаран, тоа се работи во кои не навлегуваме.

Селекторот Игор Ангеловски на една од прес-конференциите кажа дека направил се што може да го убеди да не избере нас пред Шведска, меѓутоа ете не било доволно или пак Кулушевски немал никаква намера воопшто да го носи македонскиот дрес.

Денес со радост ќе пишувавме дека македонски репрезентативец ќе има прилика да учи од еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристиано Роналдо и тоа знаење да го пренесе во репрезентација. Сепак сега останува да жалиме или пак да си продолжиме со мислата „така требало да биде“.

Кулушевски во најдобра форма ќе го добиевме во момент кога Македонија има прилика преку Лигата на нации да се избори за прв настап на едно Европското првенство. Можеме само да замислиме каков тандем ќе беа со Елмас во средината…

Меѓутоа треба ли да жалиме за некој што не одбил? Ова прашање ви го поставувавме вас наши читатели…

И да ќе потсетиме дека во младинските категории се развива уште еден играч кој веројатно ќе ја избере Италија пред Македонија, Никола Секулов.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…