Дeнес Германија може да добие нов шампион, iaко Баер Леверкузен својот натпревар го игра утре.
Ако се случи Баерн и Штутгарт да загубат, тогаш Леверкузен и пред својот натпревар утре против Вердер може да ја прослави титулата. На табелата избраниците на Чаби Алонсо имаат 16 бодови повеќе од ривалот. Баерн игра против Келн, додека Ајнтрајт ќе се соочи со Штитгарт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Не сакаме премногу да размислуваме за саботните натпревари. Би било големо изненадување доколку и Баерн и Штутгарт загубат”, изјави Алонсо, за овие натпревари.
Баер може да дојде до првата титула во речиси 120-годишната историја на клубот со утрешната победа против Вердер или нерешено доколку Баерн и Штутгарт освојат по бод денеска.
„Се разбира, утре е посебен натпревар. За среќа, тоа не е единствената шанса да бидеме шампиони. Тоа е само прва меч-топка, но ние сакаме веднаш да ја искористиме“, порача шпанскиот стратег.