Дома Фудбал Денес игра за Валенсија, а сега открива: На 20 години му кажав „не“ на Реал Мадрид

Денес игра за Валенсија, а сега открива: На 20 години му кажав „не“ на Реал Мадрид

Левиот бек на Валенсија, Хозе Гаја призна дека пред пет години го одбил Реал Мадрид.

„Кралевите“ во летото 2015 година сакаа да го ангажираат, но Гаја ја одби таа можност бидејќи како што кажа бил премногу млад за таков потег.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Инаку, повикот од Реал дошол само еден месец откако овој фудбалер наполни 20 години.

„Му кажав „не“ на Реал Мадрид. Бев премногу млад“, изјави Гаја за „Моviestar“ и додаде: „Комплимент е кога вас ве сака клуб како Реал Мадрид, но јас одлучив да останам“.

Иако, имаше тогаш само 20 години, Гаја во своето „Си-Ви„ во 43 одиграни натпревари за сениорскиот тим и јасно беше дека се работи за голем талент.

Тој и денес и фантастичен фудбалер кој на пазарот достигна цена од дури 50 милиони евра што е висока сума за еден бек.

Неодамна го продолжи договорот со тимот од „Местаља“ до 2023 година, а во претходниот период Реал го доведе Ферлан Менди како конкурција за Марсело што покажува дека во овој момент тешко Гаја пак ќе добие повик од Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работеше на градилиште во 2017 година, а сега ќе игра Европско првенство

Дел од селекторите на земјите учесници веќе ги објавуваат списоците за претстојното Европс…