Турскиот дефанзивец, Мерих Демирал зад себе има вечер која долго ќе ја памети. Успеа Демирал да постигне два гола и така да донесе четвртфинале за својата селекција.
Навистина е реткост еден дефанзивец да постигне два гола, па токму затоа вечерта за него е посебна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот гол Демирал го постигна по само 57 секунди игра и на тој начин испиша историја. Имено, тоа е најбрзиот гол кој бил постигнат во нокаут фазата на Европските првенства.
Ова првенство веќе беше срушен и рекордот кога во прашање е и групната фаза кога албанскиот репрезентативец, Недим Бајрами против Италија погоди по 22 секунди игра.