Дома Топ вести Дембеле  пред трансфер во Челзи

Дембеле  пред трансфер во Челзи

Челзи е се поблиску до договор со крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, пренесуваат медиумите на Островот.

На Французинот му истекува договорот и тој треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата и интересот за него е доста голем. Дембеле има неколку понуди вклучително и таа на Барселона за продолжување на договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, според „Мундо Депортиво“, Дембеле во моментов е во напредни преговори со Челзи и е многу блиску до трансфер на „Стенфорд Бриџ“.

За 25-годишниот фудбалер се заинтересирани и Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Пари Сен Жермен, но Челзи е најблиску до неговиот потпис.

„Сините“ веќе имаат нов сопственик откако американскиот конзорциум на чело со милијардерот Тод Боли ги купи акциите на клубот од Роман Абрамович.

Една од најголемите желби на менаџерот Томас Тухел е Дембеле. Двајцата веќе соработуваа во Борусија Дортмунд во сезоната 2016-17 и тренерот сака повторно да го има овој играч во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…