Oсман Дембеле не се појавил на собирот на Барселона пред заминувањето за вечерашниот натпревар против Алавес кој Барса го игра на гости.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако е на излезни врати Чави сепак го повикал Дембеле. Според информациите крилниот напаѓач не се појавил во тренинг-центарот затоа што не се чувствуваал добро.
Овој потег на Дембеле е малку нејасен затоа што Французинот во официјалното соопштение во кое го објави порача дека стои на располагање на клубот и покрај изјавата на спортскиот директор Матео Алемани.
Ќе потсетиме, Алемани порача дека после одбивањето да потпише нов договор ќе се обидат Дембеле да го продадат до крајот на овој месец.