Извршниот директор на Барселона денес соопшти дека Осман Демебеле ќе мора да го напушти клубот до крајот на овој месец затоа што ги одбивал понудите за нов договор.
Барселона ќе се обиде да го продаде Дембеле до крајот на овој месец и тоа е веќе потврдено. По изјавата на извршниот директор Алемани преку социјалните мрежи се огласи и Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Четири години читам лажни приказни за себе. Луѓето лажат со намера да ми наштета, досега сето тоа го игнорирав. Дали погрешив? Да. Од денес ќе ви одговарам на сите. Поминав низ тешки моменти, имав повреди, ковид-19, сето тоа влијаеше врз мене. Знам колку сум среќен затоа што ја имама најдобрата работа во светот. Му забранувам на секој да каже дека не сум дел од спортски проекти. Му забранувам на секој да зборува во мое име или во име на моите претставници на кои им верувам“.
„Стојам на располагање на клубот и тренерот. Преговори постојат, а тоа го оставив на мојот агент. Мојата работа е да играм фудбал“, порача Дембеле преку соопштението.